Мистификацијата на руската моќ

Moscow, Russia - March 29, 2016: Russian military helicopter MI-8 near the pavilion "Space" at the Exhibition of Achievements of National Economy (VDNH),Image: 285104590, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Igor Travkin / Alamy / Alamy / Profimedia

Доколку не постои соодветен одговор на ставот дека САД и Западот се слаби, мистификацијата на руската воена и друга моќ ризикува да стане самоисполнувачко пророштво

Триесет години по распадот на Советскиот Сојуз и раѓањето на демократската слобода во Централна и Источна Европа, сеништето на агресивниот сосед, Русија, повторно се појавува во поголемиот дел од регионот.

Неодамнешната концентрација на руски трупи во близина на украинската граница и пренесувањето на тешко оружје на границите на Естонија и Литванија, кои се членки на ЕУ, доведоа до сериозна реакција од меѓународната заедница – САД, Велика Британија, Франција, Германија и НАТО изразија поддршка за територијалниот интегритет на овие земји.

Но, би било голема грешка да се претпостави дека јавното демонстрирање на сила од страна на западните сили е доволно за да ги убеди земјите од Централна и Источна Европа, кои во минатото беа во канџите на комунистичкото владеење, за нивната воена супериорност над Русија. Една неодамнешна голема студија, нарачана од ГЛОБСЕК (Форум за безбедност, енергија, економија и стратегиски комуникации во Европа, со седиште во Братислава), покажа дека граѓаните во овие земји имаат тенденција да ја гледаат Русија повеќе како водечка воена сила во светот, а исто така и како жртва на западните махинации.

Вистината како „бојно поле“

Овие ставови се резултат на променетата стратегија на Кремлин. Воената градба на Москва е комбинирана со пропаганда на руските државни медиуми и нивните локални полномошници во регионот, кои сакаат да ги заштитат Русија и руските енклави. Тие вклучуваат и непризнаени отцепени региони на Народните републики Доњецк и Луганск, кои, според пропагандата, се соочуваат со претстоен напад со поддршка од САД и НАТО.

Источна Украина е амблематична кога се говори за конфликтот во 21 век. Хибридниот воен пристап, кој стана нова норма, смета дека употребата на конвенционални сили е последен чекор, на кој претходи информативни кампањи, сајбер напади, воени закани, економски мерки и поддршка на паравоени единици. Доменот на информациите станува првото бојно поле и исклучително важна компонента во демонстрацијата на сила. Русија, поддржана од своето децениско искуство во спроведување на „активни мерки“, се фокусираше особено на развојот на наративите и влијанието врз капацитетот во инфосферата.

Анкетата и анализата на податоците на ГЛОБСЕК откриваат огромен успех на оваа стратегија, и покрај мрачната историја на Русија во земјите кои сега се дел од Централна Европа и Западен Балкан. Студијата открива дека многу од овие општества сега имаат поголема веројатност да прифатат проруски приказни и да ги гледаат традиционалните сојузници, каков што е НАТО, како агресори во регионот. Само 25% од испитаниците се чувствуваат „загрозени“ од нивниот поранешен окупатор. На подетално ниво, студијата покажа дека земји како Србија, Бугарија и Словачка се повеќе подготвени да прифатат руски толкувања на историски и современи теми. Додека во Полска и во Романија сè уште постои отпорност на овие стратегии, засновани врз историски спомени и геополитичка динамика што ги обликуваат ставовите на јавноста.

НАТО е осуден на неуспех

Сепак, јазот меѓу јавните ставови и јавната политика во некои земји е зачудувачки. Добар пример е Унгарија, каде што владата спроведува кооперативен и пријателски пристап кон Русија, и покрај високиот степен на јавен отпор кон Москва – со мнозинството Унгарци кои гледаат на НАТО во поволно светло и ја гледаат Русија како преценета сила во регионот. За разлика од Бугарија, каде ставовите на јавноста упатуваат на спротивниот тренд.

Имајќи предвид дека САД се десет пати пред Русија во воените трошоци, зачудувачки е тоа што седум од деветте испитани земји во Централна и Источна Европа ја гледаат Русија, а не САД како водечка воена сила во светот. Ова преценување беше наречено „мистификација“ на руската моќ. Добро им служи на целите на Москва, која се обидува да го искористи распарчениот западен сојуз и укажува на тоа дека организациите како НАТО се осудени на неуспех.

Оваа измама е важна придобивка за Кремлин, бидејќи согледувањата се важни за влијание врз јавноста и политичките елити. Доколку не постои соодветен одговор на ставот дека САД и Западот се слаби, мистификацијата на руската воена и друга моќ ризикува да стане само-исполнувачко пророштво.

Преземено од „Капитал“ од Софија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот