Мисајловски: Треба обнова во културата, во уметноста, во здравството, во инфраструктурата

Денеска повторно сум во Куманово. Скоро секој ден тука на средби со граѓаните. Денеска имавме неколку настани, продолжуваме потоа на средби со граѓани се разбира во повеќе населени места, се разбира. Се сретнавме со младите, прошетавме тука, да допринесеме малку и да ја подобриме екологијата заедно со УМС, но се сретнавме и со културните работници, да разговараме околу нашата програма Обнова на Македонија, истакна Владо  Мисајловски, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Знаете дека во нашата програма често пати велиме дека од акцизата ќе одвоиме средства и за спортот, но ќе одвоиме и за културата. Значи 1 денари за културата директно од акцизата ќе оди во државниот буџет, односно ќе оди директно за културните работници, односно за самата култура. Тоа е многу важно биејќи Куманово го заслужува тоа и ова е најголемиот град во Република Македонија. Јас постојано велам дека треба обнова во културата, во уметноста, во здравството, во инфраструктурата итн. Но, Куманово мора да биде исто така пиедесталот. Јас гледам дека нема никакви вложувања од страна на општината, има и технички премиер тука од Куманово кој навистина не го засега апсолутно ништо. Затоа ние се обврзуваме и јас како носител на листата на овие луѓе позади мене што ќе бидат нови пратеници да помогнеме навистина што повеќе  средства да има за Куманово, да има за повеќе проекти и да има обнова насекаде- рече Мисајловски.

Затоа продолжуваме уште неколку дена со средбите со граѓани, потенцираше Мисајловски, да се видиме со што повеќе целни групи, со авангардата на Куманово и се разбира ги повикуваме сите да ни дадат поддршка на 15 јули и да го заокружат бројот 14, затоа што граѓаните го заслужуваат тоа, а со нашата програма ќе направиме навистина обнова насекаде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот