Мис Јапонија се откажа од титулата поради аферата со оженет маж

Фото: ЕПА / Инстаграм

Овогодинашната победничката на натпреварот за Мис Јапонија, Каролина Шино (26), која по потекло е од Украина, се откажа од титулата откако таблоид откри инфoрмации за нејзината афера со оженет маж, пишува „Би-би-си“.

Каролина беше крунисана за Мис Јапонија пред две недели, а нејзината победа предизвика јавна дебата поради нејзиното потекло и за тоа кои се вистинските традиционални јапонски идеали за убавина. Додека некои го поздравија крунисувањето на натурализираната Јапонка, други рекоа дека таа не ги претставува традиционалните јапонски идеали за убавина.

Каролина Шино / Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Контроверзноста со младата победничка ескалираше, откако локално списание објави наводи за нејзината врска со оженет лекар и инфлуенсер.

Организаторите на натпреварот првично застанаа во нејзина одбрана и рекоа дека Каролина не знаела дека човекот е оженет. Подоцна, потврдија дека таа ја продолжила врската дури и откако дознала за брачниот статус на лекарот.

Фото: Instagram / karolina0824

Каролина се извини што ја довела јавноста до заблуда. Организаторите на Мис Јапонија соопштија дека го прифатиле нејзиното барање да се откаже од титулата и длабоко се извинија на спонзорите, судиите и другите засегнати страни. По нејзината одлука за повлекување, титулата Мис Јапонија ќе остане празна до крајот на годината.

Фото: Instagram / karolina0824

„Навистина ми е жал за огромните проблеми што ги предизвикав и за предавството на оние кои ме поддржуваа“, рече таа.

Инаку, на 22 јануари Каролина беше крунисана за Мис Јапонија, како прва личност со европско потекло. Таа е родена во Украина, а на пет години се преселила со нејзината мајка во Јапонија, кога го добила јапонското презиме на нејзиниот очув. Каролина зборува и пишува течно јапонски, а во 2022 година стана натурализирана јапонска државјанка.

ФОТО | Воена пилотка стана Мис Америка: „Жените можат да постигнат сѐ!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот