Миркуловски победнички се прости од репрезентацијата: Отсекогаш беше посебно да се игра за националниот дрес, секогаш давав сè од себе на секој натпревар

Фили Миркуловски со победа ја заврши репрезентативната кариера/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Филип Миркуловски вечерва го одигра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација и од националниот дрес се прости на најдобар начин, со победа над Чешка од 27:25 што значи пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.

– Првичната цел е остварена, се пласиравме на СП. Сепак, овој натпревар беше посебен мотив за мене бидејќи ми беше последен во дресот на македонската репрезентација. Отсекогаш беше посебно да се игра за националниот дрес, секогаш сум го давал максимумот без разлика како сум одиграл, дали добро или не, но секогаш сум давал се од себе на теренот – изјави Миркуловски по победата над Чешка.

Миркуловски кој останува во репрезентацијата како асистент на Кирил Лазаров, смета дека Македонија има светла иднина.

– Кога ја започнав кариерата беше тешко бидејќи игравме претквалификации и квалификациите, но сега овие момци имаат настапи на ЕП и СП. Ние постатирите им оставивме добро наследство, да играат на ЕП и СП, а не како јас, Кире, Столе и останатите да играме во претквалификации и квалификации. Мислам дека имаме добра иднина, имаме ракометари како Митев и Атанасијевиќ кои ќе имаат голема кариера. Дај боже да ме надминат мене и да имаат големи успеси во репрезентацијата и на клупски план – вели Миркуловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот