Министерство за земјоделство: Државата има доволно пченка и пченица

Пченица/ Фото: МИА

Во државата има сосема доволна количина пченка и пченица, a во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта, велат за Нова ТВ од Министерството за земјоделство, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Македонија побарала да купи пченица и пченка од нашиот северен сосед.

– Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка, се вели во соопштението.

Од таму потенцираат дека споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот