Министерката за надворешни работи на Јапонија во посета на Израел и Јордан

Јоко Камикава / Фото EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Министерката за надворешни работи на Јапонија Јоко Камикава денеска најави дека за време на претстојната посета на Израел и Јордан, ќе се сретне и со палестинските колеги и ќе ги увери Палестинците за подготвеноста на Јапонија да им пружи помош.

Камикава ја започнува својата турнеја утре, која ја почнува со средба со својот израелски колега Ели Коен. Нејзината дводневна посета на двете земји доаѓа во време на продлабочување на кризата во Појасот Газа откако Израел го нападна бегалскиот камп Џабалија, а странските државјани, вклучително и Јапонците, продолжуваат да ја напуштаат земјата.

– Се надевам дека ќе разговараме како да се справиме со оваа страшна хуманитарна ситуација во Газа, како и директно да ја искажам подготвеноста на Јапонија да продолжи да дава помош, рече Камикава за нејзиниот состанок со палестинските претставници, без да прецизира со кого точно ќе разговара од палестинска страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот