Милошоски и Стојаноски за новата доктрина на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија за сите луѓе

Милошоски и Стојаноски за новата доктрина на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: Скриншот

Политичката доктрина на ВМРО-ДПМНЕ е изработена од повеќе стручни лица и Комисии, како што е проф. д-р Трајко Славески, г-ѓа Рашела Мизрахи, амбасадорот Марјан Ѓорчев, Илија Димовски и експерти од многу области, посочи Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител телевизија.

„И таа доктрина опфаќа еден добар сегмент на главни области на делување, пред се образование, семејни вредности, здравствени реформи, правосудство, дигитализација, европеизација, традиционални вредности, култура, македонски идентитет и ги отвора вратите со паролата – Македонија за сите луѓе. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе биде политичка опција кон која што ќе можат да се придружат и други актери без разлика на нивната политичка определба или можеби неопределени граѓани и стручни лица кои што сакаат да направат промени во општеството”, укажа Милошоски.

-Новата Доктрина на ВМРО-ДПМНЕ  е нашиот идеолошки тек, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува во наредниот период. Имаме 16 теми, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави во надворешната политика, во труд и социјала, економија, она што е новитет е дека енергетиката ќе биде како еден од стратешките приоритети, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ станува партија во која може да се пронајдат сите граѓани без разлика на верска или национална определба, а кои имаат иста цел а тоа е богата, просперитетна и достоинствена Македонија, изјави за вестите на Алсат М телевизија, пратеникот Бојан Стојаноски.

Стојаноски истакна дека после 4 години турбулентен период и ВМРО-ДПМНЕ успеа да стане партија која што има најмногу градоначалници, советници, но и партија со најголема пратеничка група и сега се отвора за сите луѓе кои сакаат промени во Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за сите луѓе кои се квалитетни, а коишто сакаат да ги донесат промените, затоа што интересот и постоењето на ВМРО-ДПМНЕ  е да ја направи Македонија подобро место за живеење за сите граѓани. Да направиме силна и економски просперитетна држава, рече Стојаноски.

Милошоски исто така најави дека со изборот на претседателот се отвора можноста тој во одреден временски период да предложи кадровски решенија за другите органи на партијата посебно за ИК и очекува во таквите органи да има еден спој на искуство и освежување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот