Милевски: Добивме сериозна „шлаканица“, треба да си го ставиме прстот на чело

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Maкедонската фудбалска репрезентација денес претрпе пораз од Азербејџан со 1:3, а ова беше петти натпревар без победа за нашата селекција, воедно е и последен за оваа 2022 година.

Имавме шанси, двапати ја погодивме и пречката во финишот, меѓутоа повторно победата изостана. Селекторот Милевски по натпреварот порача дека ова е сериозна „шлаканица“ за нас.

„Сакам да му честитам на противникот за одличниот натпревар. Со Финска бев задоволен од нешто, денес имавме позитивни работи само во првото полувреме додека не примивме гол. Ќе бидам искрен, за нас ова е убава „шлаканица“ и сите мораме да си го ставиме прстот на чело да замислиме добро колку го почитуваме македонскиот дрес.

Тука почнувам од себеси, па до сите членови на тимот. Ако нешто е добро е што оваа шлаканица дојде сега. Ме загрижува фактот дека се уште немаме замена за оние седум стандардни фудбалери кои ни недостасуваа денес, а сите оние кои се надоаѓање треба повеќе за да се биде конкурентен за она кое не очекува. Ние сме истите кои ги радувавме сите во минатите месеци и години, значи дека кај нас е проблемот и мора да го поправиме тоа “, изјави Милевски.

Следниот натпревар кој ќе го одигра Македонија е во 2023 година и тоа во квалификациите за Европското првенство кога во Скопје ќе гостува Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот