Миланската Скала загуби два долгогодишни соработници во борбата против коронавирусот

Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Миланската Скала загуби два долгогодишни соработници поради коронавирусот – некогашниот кастинг-директор Лука Таргети почина на 12 март на 63-годишна возраст набрзо откако почувствувал симптоми на болеста, а на 15 март почина и архитектот Виторио Греготи на 92-годишна возраст.

Греготи починал во болница од последици на коронавирусот, од кој е заразена и неговата сопруга, која исто така е на лекување, пренесуваат италијанските медиуми.

Една од најистакнатите личноси на италинаската модерна архитектура, Гретоти, заслужен е за Тетатарот Арчимболди со 2.000 седишта, кој беше привремено седиште на миланската Скала во време кога беше затворена во 2002 година поради реновирање.

Греготи е автори и на низа други важни проекти во Милано и ширум светот, вклучувајќи го седиштето на компанијата „Пирели“, неколку универзитетски кампуси, стадионот за Олиписките игри во Барселона во 1986 година, а ја надгледуваше и модернизацијата на лондоски „Саут бенк“ во 1994 година.

Коронавирусот го однесе и животот на Лука Таргети, кој 13 години беше директор на Скала, започнувајќи од 1997 година, а едно време работел и како архитект.

Познатата миланска оперска куќа Скала ја запре програмата на 23 февруари, како и сите други италијански театри, и истите ќе бидат затворени до 3 април.

Во меѓувреме, соопштено е дека еден тенор кој учествувал на пробите на операта „Салома“ е заразен со коронавирусот, а бил во контакт со повеќе од 20 колеги, кои сега се во изолација. „Салома“ требаше да биде премиерно изведена на 8 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот