Првоаприлска шега на хрватски Индекс: Милановиќ неочекувано поднесе оставка

Зоран Милановиќ / Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Хрватски Индекс денеска објави првоаприлска шега, на која тврдеше дека Зоран Милановиќ ненадејно поднесе оставка од функцијата претседател на Република Хрватска. Тие наведоа дека „Мирослав Шкоро ќе стане претседател“, во како што велат „сосема неочекуван пресврт на настаните“. Милановиќ неколку пати изјави дека нема намера да поднесе оставка.

Како што пишува Индекс во нивната шега, уште „поизненадувачки“ од оставката на Милановиќ е фактот што функцијата претседател до вонредните претседателски избори ќе ја преземе независниот пратеник Мирослав Шкоро. Тие на шала објаснија дека Шкоро ја презема функцијата претседател бидејќи прв човек на парламентот е Гордан Јандроковиќ, но и бидејќи сите потпретседатели се кандидати на изборните листи кои се веќе дефинирани, што значи дека не можат да бидат привремен претседател на државата.

„Во овие околности, Уставниот суд го донесе толкувањето според кое должностите на претседателот ги презема последниот разрешен потпретседател на парламентот. Тоа е Шкоро, па Уставниот суд одлучи тој привремено да ја преземе должноста претседател на државата“ пишува Индекс во својата првоаприлска шега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот