Милановиќ сака да ја повлече армијата од Авганистан: Постојат добри аргументи против ова

Во интервјуто што го даде оваа недела за ТВ Нова, прво по изборите, идниот генерален командант на хрватската армија, Милановиќ потврди дека е сериозен во намерата.

Поминаа 16 години, и гледате дека Американците не се ни јасни што да прават, одговорил новоизбраниот хрватски претседател, Зоран Милановиќ, пред лицето на сè уште актуелната претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, на прашањето за повлекување на трупите од Авганистан.

Во интервјуто што го даде оваа недела за ТВ Нова, прво по изборите, идниот генерален командант на хрватската армија, Милановиќ потврди дека е сериозен во намерата.

-Јас постојано ќе го иницирам ова ( нашите војници да се повлечат). Тоа е целосно безцелна мисија. Тука нема решение, прашањето е кога ќе се повлечат САД- рече избраниот хрватски претседател како одговор на прашањето на новинарот.

„Индекс.хр“ ја анализира оваа одлука на претседателот Милановиќ, кој барем во случајот со војската, не е само некој што отвора теми во јавната, туку тој е врховен командант кој носи формални одлуки. Покрај безбедносните служби и надворешната политика, војската е една од најважните домени што ги опфаќа скромните претседателски овластувања.

Милановиќ: Тоа не е наша војна, не е ниту војна на НАТО

Не е јасно дали Милановиќ навистина ќе може да нареди повлекување од Авганистан, но јасно е дека сака да го стори тоа. Тој тоа го кажа уште во месец јули, по веста за трагичната смрт на хрватскиот војник, Јосип Бришки, во напад на бомбаш самоубиец врз воен конвој, кој патувал во камп близу Кабул. Двајца други хрватски војници се повредени во тој напад.

-Ова не е наша војна, не е ниту војна на НАТО. Ние го намаливме хрватскиот контингент на 50 војници, а потоа подоцна повторно се зголеми. Мислам дека Хрватска треба да ги повлече своите трупи од Авганистан- рече Милановиќ во тоа време пред новинарите.

Се разбира, покрај прашањето дали Хрватска навистина ќе престане да учествува во мисијата на НАТО, по скоро 17 години (војната трае околу 18 и пол години), се поставува прашањето дали Хрватска треба да го стори тоа.

Минатиот септември, Хрватска, откако почина Бришки, го испрати својот 11-ти хрватски контингент (ХРВЦОН) во Авганистан. Таму е дел од мировната мисија предводена од НАТО. Станува збор за наследничката мисија ИСАФ (Меѓународна сила за безбедносна помош) која заврши во 2014 година. Од 2003 година повеќе од 5.000 хрватски војници поминале низ оваа мисија.

Во моментов има 110 припадници на хрватските вооружени сили во Авганистан.

„Американска сервилност“ или борбата против тероризмот?

Откако беше убиен Бришки, се поставија прашања за тоа дали хрватските војници во Авганистан, кои сè уште се во војна, се соодветно опремени и подготвени за таква ризична мисија, но и тоа што всушност прават во таа далечна земја.

Пратеникот Иван Пернар, познат по своите жестоки проруски и антиамерикански ставови, тврдеше дека станува збор за „слуга на американската политика“ и дека трупите во Авганистан не одат доброволно, туку се принудени со мизерни дневници и изгледите за добра заработка во странска мисија.

Од друга страна, хрватскиот воен пилот Стјепан Бедиќ објасни колку придонеле хрватските и другите војници на НАТО во Авганистан.

Вашингтон лажеше за војната во Авганистан

Вреди да се потенцира, дека хрватските војници не биле испратени во мисија да се борат со Талибанците, чиј режим го собори САД во 2001 година. Официјалната цел на оваа мисија е да се обучуваат, советуваат и помагаат припадниците на вооружените сили на Авганистан, кои презедоа голема улога во борбените операции.

Милановиќ е во право кога вели дека ниту самите Американци не се сосема јасни што прават таму и дека е прашање на време кога тие ќе се повлечат.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно стави до знаење дека навистина сака да ја повлече војската од таа земја. Таканаречените авганистански документи, објавени од „Вашингтон пост“ во декември, откриваат дека американското раководство континуирано ја доведува во заблуда јавноста за напредокот на војната, во која загинаа над 2.300 американски војници и беа повредени повеќе од 20.000 лица.

Исто така, загинаа и 1.100 американски сојузници. Бројот на убиени и повредени цивили во Авганистан надмина 100.000 само од 2009 година.

Вашингтон манипулираше со статистиката, со цел да ја убеди јавноста дека победува во војната, додека во исто време ги „затвораше очите“ пред корупцијата во Кабул, откриваат документите.

-Американскиот народ постојано се лажеше- рече специјалниот генерален инспектор за реконструкција во Авганистан, Џон Сопко.

Од друга страна, не треба да се заборави дека корупцијата и цивилните жртви на авганистанската војска и силите на НАТО бледееа во споредба со исламистичкиот терор и тиранијата на талибанскиот режим над населението.

Анализата на „Индекс.хр“ резимира дека, има добри аргументи и за престојот на хрватската армија во Авганистан и за нивно повлекување. Сепак, таквата одлука дефинитивно не треба да се донесе во брзање да соберат политички поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот