Милан и Интер ќе добијат стадион од милијарда евра

Неверојатен интерес за мечот Милан - Аталанта/Фото: EPA-EFE/ANDREA FASANI

Миланските гиганти долго веќе чекаат на нов стадион, а сега е познато и до кога ќе го добијат во кој навивачите ќе продолжат да ги бодрат своите клубови.

Со години се зборува дека Милан и Интер ќе добијат нов стадион, а изгледа дека конечно дојде до крај на преговорите околу проектот и дека до крајот на годината ќе се потпише документацијата.

Италијанскиот весник „Гаѕета дело Спорт“ во денешниот број пишува дека градските власти во Милано конечно го одобриле просторниот план и им дале дозвола на клубовите да градат во близина на сегашниот „Сан Сиро“, или ако сакате „Џузепе Меаца“, а изградбата би можела да започне по Зимските олимписки игри во 2026 година.

Наводно, целата градба не би требало да трае предолго, па стадионот би бил подготвен за употреба уште во натпреварувачката сезона 2027/28.

Во меѓувреме Интер и Милан ќе играат на стариот „Сан Сиро“, кој ќе биде срушен по Зимските олимписки игри. Она што досега е познато дека новиот величествен објект е инспирирана од катедралата Дуомо и ќе има целосно стаклена фасада која ќе ги менува боите. Кога ќе игра Интер, ќе биде „црно-сино“, а кога ќе игра Милан – таа ќе биде „црвено-црна“, ќе изгледа спектакуларно и за двата тима.

Стадионот ќе прими 65.000 гледачи, помалку од претходниот, а интересно е што за целиот проект во кој е вклучена и новата станбена зона ќе бидат потрошени околу 1,2 милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот