Михајловиќ: Постојаното зголемување на општинската администрација ја храни само корупцијата

Катица Михајловиќ од Асоцијацијата за демократски иницијативи

Пренатрупаната и нефункционална администрација од претходното раководство се одразува на квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во општинската администрација има ангажирано над 350 лица со договор за дело и 340 лица кои се во редовен работен однос.

Вработен во општина Тетово со години земал плата од општината, a самиот живеел во Германија, изјави тетовскиот градоначалник Билал Касами.

Катица Михајловиќ од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), граѓанска организација, која работи на промоција на демократијата, доброто владеење и следење на општествените процеси смета дека зголемувањето на општинската администрацијата само ја храни корупцијата.

– Со постојаното зголемување на администрацијата всушност ние само ја храниме корупцијата. Ситната корупција (мито, непотизам, итн.) за време на процесот на пристап до јавните услуги е меѓу најчестите форми на корупција со кои директно се среќаваат граѓаните и која речиси целосно зависи од човечкиот фактор во тој процес. Побројната администрација, значи поголем бирократски товар врз граѓаните. Наместо да ги дигитализираме процесите, ние упорно тапкаме во место и гледаме само како да се задоволат партиските апетити. Партиите остануваат најголемиот работодавец, а селективноста при вработувањето ја прилагодуваат на својата потреба да останат на власт. Оттука, стандардот за професионална, политички неутрална, високо етички созреана и сервисно ориентирана јавна администрација со капацитет да се стави во функција на остварување на правата и должностите на граѓанинот, сѐ уште е недостижен, изјави Михајловиќ за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот