Михаиловски: Глас за Пендаровски е глас за европска иднина на младите

Стево Пендаровски во Аеродром / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

СДСМ во изминатите години направи грешки и ние го признаваме тоа, вели претседателот на СДММ Марко Михаиловски. Тој вели дека партијата е подготвена да се менува и да учи од своите грешки.

 

Сепак, една многу важна работа ја направивме правилно – Македонија стана членка на НАТО и успешно ја водиме државата кон Европската Унија.Членството во Европската унија е важно за иднината на Македонија но пред се и над се за иднината на младите. Тоа е единствената шанса за вистински промени и напредок каков што очекуваат младите. Со членство во ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во образованието, судскиот систем, здравството. ДПМНЕ и Силјановска ќе го закочат, ќе го блокираат патот кон ЕУ а младите немаат време за губење Гласот за СДСМ и за Стево Пендаровски е глас за европската иднина на младите. Глас за нови можности за младите, подобро образование, пристап до финансии и фондови, за нови и добро платени работи места, за подобар животен стандард, тука, дома. Младите не се откажуват од иднината, додава тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот