Мигрантски бран: Словенија е подготвена, има детален план за заштита на границите

Мигранти полиција/ Фото: EPA/ZOLTAN BALOGH

Словенија се подготвува за справувањето се евентуален нов мигрантски бран, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Веста за повторното отворање на турската граница за мигрантите и бегалците и притисокот врз Грција е повод за поголема будност на властите во Љубљана. Министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар изјави дека Владата веќе има изработен детален план за заштита на државните граници.

– Словенечката полиција е подготвена за нов мигрантски бран, кој евентуално би дошол по западно-балканската бегалска рута. Подготвеноста е утврдена со планот и Словенија е подготвена да се справи со евентуалните предизвици – изјави Поклукар.

Од словенечката полиција информираат дека моментално ситуацијата на јужната граница е редовна и нема зголемен број обиди за нелегални преминувања. Дополнително, како што велат од Министерството, полицијата сега е подобро подготвена и опремена во споредба со 2015 години кога беше првиот голем мигрантски бран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот