Мигрант кој крадеше сендвичи за да преживее, денес е МВП!

twitter.com/LaCrosseTribune

Една неверојатна животна приказна на Јанис Адетокумпо, играчот на Милвоки Бакс го доби признанието за најкорисен играч (МВП) во минатата НБА сезона.

Неговите родители Чарлс и Вероника, се преселија во Грција од главниот град на Нигерија, Лагос, 1991 година, во надеж за подобар живот.

Во Атина родителите даваа максимални напори за да прехранат пет деца, меѓу нив и Јанис роден токму во грчката престолнина во 1994 година.

Чарлс повремено работел како мајстор, а неговата сопруга како бебиситерка и тие биле единствените области во кои можело да се работи „на црно“. Едвај поврзуваа крај со крај, а често немало доволно храна и за нивните деца.

View this post on Instagram

Happy Father’s Day! I miss you❤️

A post shared by Giannis Antetokounmpo (@giannis_an34) on

Јанис од мали нозе научил што значи суровост на улиците каде што често бил сам со другите мигранти, мораше да краде и сендвичи за да не остане гладен. Семејството било третирано како мигрантско, живот без документи, работа на „црно“.

Бидејќи, парите кои ги заработуваа нивните родители, Јанис и неговите браќа од мали нозе почнаа да работат. Продаваа шешири, очила, торби, како деца мигранти кои биле отфрлени и непризнани од грчките власти.

Човекот кој го пронајде на улиците, Велиниатис откри дека Јанис како мало дете повеќе сакало да игра фудбал, но подоцна се определило за играта под обрачите. Карактер за опстанок, роден да преживее, тоа се гледа во неговите очи.

– Сфатив дека Грција не е подготвена за проблемот со мигрантите. Видов дека има многу деца мигранти кои се големи таленти, а ги губат животите или се криминалци на атинските улици. Тогаш дојдов до идеја да им помогнам на тие деца со една кошаркарска програма. Морав да најдам работа за таткото на Јанис и да најдам спонзор за семејството. Го одведов во Филифитикос од Атина да тренира. Со тек на време почувствував дека станува збор за голем талент и биде еден ден во НБА лигата. Се прашував дали луѓето навистина се слепи да не видат таков талент. На крајот успев да убедам луѓе финансиски да помогнат – рече Велиниатис.

Во неговиот емоционален говор по добивањето на признанието за МВП во НБА лигата, им се заблагодари на неговите родители, својата храбра мајка и татко му кој почина во 2017 година.

– Мајка ми е мојот херој. Кога си дете, не ја гледаш иднината. Ако имаш добар родител, таа ја гледа иднината место тебе. Таа секогаш го гледаше во нас, секогаш веруваше во нас, секогаш беше тука за нас. Таа е основа на нашето семејство. Ти си мојот херој. Исто така и мојот татко, сакам да му се заблагодарам. Очигледно, тој не е денес со мене. Кога одам по паркетот, секогаш мислам на него и тоа ме мотивира и ме тера да играм уште подобро и напредувам дури и кога ме фаќа замор и не е мојот најдобар ден – вели Адетокумпо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот