Адетокумпо прогласен за МВП, Дончиќ „руки“ на годината

twitter.com/BenGolliver

Со своите одлични игри во дресот на Бакси, Адетокумпо (24) заслужено го добива признанието, а нема сомнение дека се очекуваат уште подобри перформанси и во наредните години.

Емоционалниот Јанис до титулата дојде пред Џејмс Харден и Пол Џорџ, грчкиот „ѕвер“ имаше 941 глас, Харден 776, а Џорџ 356.

Адетокумпо е само вториот играч од Европа кој е прогласен за МВП во НБА лигата, прв беше Германецот Дирк Новицки.

На 72 одиграни меча, грчкиот кошаркар имаше во просек 27.7 поени, шест асистенции и 12.5 скокови по натпревар.

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ ја однесе титулата за „руки“, односно најдобар дебитант во најсилната кошаркарска лига на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот