Мицко, дај уозбили се жити сè! – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеКолумни

Мицко, дај уозбили се жити сè!

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Мицко, дај уозбили се. Сега го поддржуваш договорот или не го поддржуваш? Договори се, па кажи. Не нè оставај нас новинарите во заблуда.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера во Загреб се сретна со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Мицкоски, со тазе средена брада, го убедуваше Борисов дека неговата партија била проевропски ориентирана. А како го докажа тоа? Па едноставно, тој студирал во Италија, Тимчо во Америка, Влатче бил женет со Американка.

Тоа е исто како да гледате репортажа на телевизија од Париз и да кажете „Сум бил во Париз“. Така и ВМРО-ДПМНЕ е европски ориентирана.

На прашањето од Борисов, дали го поддржува Договорот за добрососедство, Мицкоски му одговори, сè што може да биде позитивно за Македонија и Бугарија, ние поткрепиме (ова на бугарски за да остави посилен впечаток).

Не знам дали се сеќавате, ама Мицкоски и во февруари кажа дека го поддржува Договорот со Бугарија. Имено тој тогаш се сретна со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој на Фејсбук се пофали дека „добил уверување дека партијата (ВМРО-ДПМНЕ) веќе гледа позитивно на договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија“.

Значи Мицкоски на средбата со Борисов, вторпат потврди дека го поддржува Договорот со Бугарија.

Но што се случи потоа? Е па лага било дека Мицкоски го поддржувал Договорот со Бугарија. Пу, пу, не важи. Мицко се предомисли. Немало врска дека тој кажал такво нешто пред Борисов, овие провладиниве медиуми лажат.

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Мицко, дај уозбили се. Сега го поддржуваш договорот или не го поддржуваш? Договори се, па кажи. Не нè оставај нас новинарите во заблуда.

Знаете каков впечаток добив за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ? Дека е класичен балканец. Се прави голем маж пред другарите, а всушност прави како што ќе му каже жената. Така и наш Мицко. Дома пред гласачите билда национализам, промовира македонизам, плука по договорот со Бугарија, плука по предавничката влада, ама кога го седна Борисов, уцвика. „Поткрепи“ сè.

Не за џабе рекле дека политиката е курва. Ама веќе кога глумиш голем националист и македонист, што и да ти значи тоа, остани си таков. Што не собра храброст па да му плеснеш во фаца на Борисов дека договорот е катастрофа, дека сакаат да ни го земат Гоце, дека ни го поништуваат јазикот, како што тврдиш дома. Што не му кажа на Борисов дека во договорот не се издвоени македонскиот народ и македонската нација како посебна идентитетска целина, како што тврдеше кога беше генерален секретар на партијата? Наместо тоа, наведна глава, бидејќи наведната глава, сабја не ја сече.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close