Мицотакис најави дека од 1 април во Грција ќе се зголеми минималната плата

Фото: Profimedia

На следната владина седница во март, ќе одлучиме и за конечното зголемување на минималната плата за 2024 година, кое ќе се воведе од 1 април, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

На денешната владина седница Мицотакис, освен што најави зголемување на минималната плата, говореше и за мерките што ги преземаа за справување со инфлацијата и покачените цени, објаснувајќи дека резултатите постепено ќе бидат видливи, бидејќи станува збор за „интервенција во начинот на кој функционира пазарот“.

-Сепак, првите пораки се охрабрувачки и очекуваме почетните цени на над 1.500 производи од почетокот на март да бидат намалени. И очигледно крајните цени ќе се одредат врз основа на овие првични цени, објасни Мицотакис.

Дополнително, посочи дека особена важност имаат и контролите на цените што ги врши Министерството за развој, истакнувајќи дека досега биле спроведени над 20.000 контроли и изречени казни во висина од 12 милиони евра.с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот