Мицкоски: Тие кои го ставаат случајот со онкологија под тепих, новата Влада предводена од нас ќе ги изведе пред правдата

Мицкоски во Бутел со градоначалникот Костовски/Фото: Скриншот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека новата Влада, предводена од неговата партија, ќе ги изведе пред лицето на правдата, лицата кои го ставаат случајот со Клиниката за онкологија под тепих и тие, кои се најодговорни за тоа што се случувало.

„За неколку месеци од денеска ќе имаме нова Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и дека тие што ова го ставаат под тепих и тие кои се дел од ова грозоморно мафијашко здружување ќе бидат изведени пред лицето на правдата во најбрз рок и јас лично ќе побарам највисоки казни и за овие кои се обидуваат под тепих да го стават случајот, но и за тие што се најодговорни што ова се случувало“, посочи Мицкоски од Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека „овој грозоморен мафијашки настан, кој ја тресе македонската јавност изминатите денови и изминатиот период“, покажува, нагласи тој, како луѓе блиски до владејачките партии се здружиле и на маката на луѓето профитираат, нешто што е за целосна осуда.

Според Мицкоски, она што повеќе од се загрижува, е тоа што органите на прогонот, покрај тоа што на дневна основа се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, овој случај како целосно да го ставаат под тепих, го игнорираат, го забораваат и до овој момент, како што беше нагласено, можеби повеќе од 10 дена, две недели нема ниту пак било каква информација за луѓето кои се вмешани во тоа дело.

„Јавноста ги знае, не може да ме убеди ниту мене, ниту било кој, дека тие кои ја водат истрагата, не ги знаат имињата на луѓето, кои се највиновни за тоа што се случувало на Онкологија во изминатиот период“, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е во посета на Кавадарци за време на „Тиквешкиот гроздобер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот