Мицкоски им порача на американските амбасадори: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

Делегација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денеска имаше средба со Советот на американски амбасадори, кои се наоѓаат во посета на земјава на која што се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација на Македонија како и македонските евроинтеграции.

Како што соопштија од партијата, Мицкоски на средбата истакнал дека „уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има“.

„Мицкоски потенцира дека местото на Македонија е во Европската Унија, но за Македонија треба да важат истите услови како и за останатите земји членки, односно патот на земјава во ЕУ треба да биде базиран на Копенхашките критериуми и без дополнителни услови“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, Мицкоски се заблагодарил на поддршката што земјава ја добива од САД и додал дека соработката треба да продолжи и во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот