Мицкоски: Ахмети одамна го премина „Рубиконот“, се однесува некултурно и примитивно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој на митинг го прозва „да внимава што зборува бидејќи може да фати беља“, рече дека одамна го има поминато „Рубиконот“ и прави голема грешка со неговото недолично однесување.

„Ахмети одамна го има поминато рубиконот и тие неколкумина околу него кои го советуваат и мислам дека прави голема грешка. Прво создава револт кај Албанците кои се анти ДУИ, што не се задоволни од политиката на ДУИ, бидејќи ги злоупотребува Албанците и се обидува да наметне монопол на македонската политичка сцена. Дополнително мобилизира анти ДУИ расположение кај албанските гласачи и тие во голема мера ќе го гласаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и професорката Силјановска“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител во „Тема на денот“.

Мицкоски смета дека човекот кој „се колне во европските вредности“ на отворена сцена некултурно се однесува и навредува.

„ Жалам што на крајот од својата политичка кариера наместо идеолог тој го покажува сиот свој примитизам во полн ек, но тоа е претпоставувам негова одлука и одлука на тие што го советуваат“, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ова однесување се должи на стравот на Ахмети од резултатот и „поразот кој следи“.

„Сето ова кога ќе се стави на едно тогаш се создава кај него страв и паника од резултатот и поразот кој следи на следните избори. Чувството дека после 20 и кусур години ќе биде во опозиција, но и стравот дека кога ќе е во опозиција ќе не може да ги користи методите кои ги користеше досега ДУИ предводена од него и стравот дека наместо како идеолог како што пледира да се претстави забарикадиран во тврдина со камен ќе биде еден обичен ситен криминалец и така ќе заврши својата политичка кариера. Мислам дека млекото и кексите ќе му преседнат многу скоро“, дециден е Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот