Мета: Слободни и демократски избори ќе ја исчистат политиката од криминалот

Прашан за денот на парлементарните збори, тој рече дека за тоа ќе се консултира со лидерте на политичките партии, по што ќе го соопшти денот.

Албанскиот претседател Илир Мета искажа убедност дека само слободни и демократски избори ќе ја исчистат домашната политика од криминал.

– Мислам дека е време нашата земја да се исчисти од криминалот преку слободни и демократски избори и да имаме демократски и легитимни институции. Единствено слободните и фер избори ја чистат политиката од криминални или корумпирани елементи, кои, за интересите на различни групи, сакаат да го држат во заложништво функционирањето на правната држава – порача Мета од приморскиот град Валона,каде присуствуваше на Научна конференција.

Американската амбасадорка Јури Ким вчера ги повика лидерите на трите најголеми политичките партии да преземат одговорност и да го проверат секој кандидат пред да го стават на изборните листи, порачувајќи при тоа да не кандидираат корумпирани и криминални личности,односно да спроведат ветинг на кандидатите за пратеници.

Во врска со формирањето на новата Централна изнорна комисија Мета рече дека доколку постои волја да се почитува договорот од 5 јуни, ова прашање може да се реши многу едноставно.

Прашан за денот на парлементарните збори, тој рече дека за тоа ќе се консултира со лидерте на политичките партии, по што ќе го соопшти денот.

– Не можеме да кажеме ништо затоа што треба да ги слушнам претставниците на политичките партии. Побарав средба со сите лидери на парламентарните сили, тие се добредојдени, по што ќе имаме донечна одлука за денот на изборите – рече Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот