Мерки за вработување на дневен ред на владината седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 160-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа своја седница, на предлог Фондот за иновации и технолошки развој ќе се разгледа Информацијата со „Програма за измени и дополнувања на Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа седница на Владата на РСМ ја предлага точката Предлог-Програма за дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година.

На денешната 160-та седница Министерството за здравство ќе ја презентира информацијата со акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници, а Министерството за труд и социјална политика ја предлага Информацијата за Ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот