Мери Петреска „стопи“ 36 килограми готвејќи здраво, сега 3 рецепти споделува со вас!

Откако „стопила“ 36 килограми за две години, хранејќи се според принципот на липосукциската исхрана, згодницата Мери Петреска готви исклучително само здрави јадења.

Мери има прилично дебел нотес испишан со здрави рецепти, а ние со вас споделуваме три рецепти од нејзината кујна кои ќе ве иснпирираат што да подготвите за предјадење, главно јадење и десерт.

Рукола салата

За да ја подготвите оваа салата потребни ви се намирниците: рукола, црвена пиперка, чери домати, моцарела, маслиново масло и хималајска сол.

Сите намирници исечкајте ги и претурете ги во сад за салата, потоа, убаво измешајте. Наросете маслиново масло и зачинете. Салатата ќе биде уште повкусна ако во неа додадете јаткасти плодови.

Потпечени пиперки со мелено јунешко месо

Од намирници потребни се: Мелено јунешко месо, кромид, пиперка црвена, пиперка зелена, домат (поголем), модар патлиџан, јајца, пармезан, маслиново масло (или путер), хималајска сол, зачини.

Подготовка: Модриот патлиџан пресечете го на половина и од него извадете го внатрешниот дел. Истото, внимателно направете го и со доматот. Во тава на маслиново масло или путер ставете го исечканиот кромид, исечканата црвена и зелена пиперка, отстранетиот дел од модриот патлиџан и отстранетиот дел од доматот. Измешајте, па потоа додадете го меленото месо. Оставете намирниците заедно да се издинстаат 10-на минути. На крајот, додадете сол и зачини по вкус.

Испразнетите средини на модриот патлиџан и доматот наполнете ги со содржината која ја динставте. Наредете ги во тава за печење и прелијте ги со водата во која се динстаа намирниците. Печете на температура од 200 степени околу 20 минути. Потоа, прелијте со смеса од јајца и рендан пармезан и оставете да се допечат уште пет минути.

За овој рецепт, освен модар патлиџан и домат, може да ви послужат и бабури и тиквички

За овој рецепт, освен модар патлиџан и домат, може да ви послужат и бабури и тиквички.

Десерт од кокос и какао

Од намирници потребни се: 50 грама путер, 1 голама лажица кокосово масло, 8 до 10 таблетки „стевија“, две мали лажици какао, 10-на лешници или бадеми (бадемите и лешниците може да ги потпечете десетина минути во микробранова печка).

Подготовка: На пареа се ставаат путерот, кокосовото масло, стевијата и какаото, за да се стопат. Откако ќе бидат во течна состојба, претурете ги во модли за колачиња, потоа додадете ги исечканите лешници или бадеми.

Оставете ги во замрзнувач да отстојат еден час. Потоа, извадете ги од модлите и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот