МЕПСО се соочува со кибернапад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

мепсо
МЕПСО АД / Фото: МИА

Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) АД Скопје се соочува со кибер напад, но, како што соопшти денеска прес-тимот на МЕПСО, целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени.

Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електроенегетска инфраструктура не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална.

– Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибернапади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако АД МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од кибернапади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека критичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој кибер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени, наведува МЕПСО во соопштение.

Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибербезбедност.

-Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер напад и во соработка со експерти од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот