Мекинро: Сите во САД се забавуваат, а Новак не може да игра на УС Опен

Џон Мекинро апелираше до американските власти да му се дозволи на Новак Ѓоковиќ настап на „УС Опен“/Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Легендарниот американски тенисер застана зад Новак Ѓоковиќ и побара од владата на САД да му овозможи на Србинот да настапи на последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен.

Владата на САД иако ги олабави мерките кога станува збор за пандемијата на коронавирусот, сè уште не дозволува влез во земјата на невакцинирани лица.

– На Новак треба да му се дозволи да игра во Њујорк. Сè што се случува околу него е срање, а како  ќе заврши сето ова, ќе видиме. Американската влада мора да има разбирање кон еден од најдобрите тенисери во светот на сите времиња – изјави Мекинро.

Поранешниот тенисер има разбирање и за ставот на Новак Ѓоковиќ околу вакцинацијата против коронавирусот. Мекинро смета дека Ѓоковиќ најдобро си го познава своето тело и има право да го избере тоа што смета дека е најдобро за него.

– Ѓоковиќ се држи до своите ставови и апсолутно има право сам да носи такви одлуки. Тој е еден од најдобрите спортисти на сите времиња. Многу внимателно избира што става во своето тело, па фрустрирачки е што во овој момент, кога мерките се тотално опуштени и сите се забавуваат, на Новак му е забрането учеството на УС Опен. Навистина нема смисла – смета Мекинро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот