Меџити: Пријавите против Касами и Ганиу се поднесени под притисок на српската антиалбанска политика

Изет Меџити, ДУИ, Фото: Слободен печат/Архива

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и градоначалникот на Тетово, Билал Касами биле поканети од полицијата на информативни разговори, а единствена причина е престојот на премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје и во Тетово. Се работи за сталинистички метод со информативни разговори, кој во времето на комунистичка Југославија, најмногу го почувствувале Албанците, напиша претседалот на новата партија Демократско движење Изет Меџити на својот Фејбук профил, откако полицијата поднесе прекршочни пријави против градоначалниците на Тетово и Чаир Касами и Ганиу.

„Сето тоа е направено под влијание и притисок на српската антиалбанска политика на која Албин Курти и стана трн во око. Како и да е, оваа ситуација докажува дека не погрешивме што го ставивме името на Адем Демачи на една од улиците на главниот град, бидејќи денес повеќе од кога било ни е потребен неговиот дух на отпор“.

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу откако денеска беше повикан во полициската станица „Бит Пазар“ изјави дека полицијата го информирала дека против него се поднесени две прекршочни пријави, едната за неинтонирање на државната химна, а втората за неистакнување на државното знаме, за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти.Тој смета дека во сето ова има политичко влијание.

„Околу 13:30 часот бев поканет од началникот на полицијата ‘Бит Пазар’ да дојдам на информативен разговор. Претставени ми беа причините. Одлучено е дека во моментов имам две прекршочни пријави, а причината е посетата на премиерот Албин Курти во Чаир“,рече Ганиу.

Прекршочни пријави заработи и градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето БЕСА, Билал Касами. Тој на Фејсбук напиша дека комунизмот не е мртов, а според него, во живот го одржуваат властите заедно со Али Ахмети и Арбен Таравари.

„Ваквите обиди за страв и замолчување како во времето на комунизмот воопшто не нè плашат, продолжуваме со кренати глави. Помалку нè плашат кога овие уцени и обиди да ја попречат здружената опозиција доаѓаат од корумпирани и уценети владетели кои сега си ги бројат деновите на прсти. Времето на заплашување на Албанците, нивно апсење и носење во озлогласени полициски станици е мртво, заедно со тоа наскоро ќе умре и овој ваш комунистички режим. Вие продолжувате да бидете вазали на Белград, затоа што таму ќе завршите сите, додека ние како опозиција се среќаваме со овој народ и се плашиме само од албанскиот народ“, напиша Касами.

Касами и Курти од Вејце се заложија за побрза изградба на делницата од Тетово до Призрен, но по пат се соочија со катастрофални патишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот