ФОТО | Меган Фокс првпат проговори кои пластични операции ги имала: Последната чинела 30.000 долари

Фото: Wikimedia Commons / Принтскрин / Инстаграм

Меган Фокс во неодамнешното интервју за поткастот „Call Her Daddy“, конечно проговори за серијата естетски зафати што ги правела на своето тело.

Манијата за пластична хирургија за актерката започнала на 21 или 22 години. Прво вградила силиконски импланти, а потоа „малку по малку“ почнала да прави и други корекции на телото. Ова вклучувало операција на носот, ботокс, филери и уште едно зголемување на градите.

Фото: VS-angel

Tаа потрошила над 30.000 долари на операции во изминатите неколку години. Меган искрено признала дека би сакала да има уште поголеми гради. Меѓутоа, мајката природа не ѝ дозволува, бидејќи, како што вели, операцијата не е можна поради нејзината вита линија.

Фото: TarikulRaana

– Градите ми се лажни уште од моите 21 или 22 години. Ги направив на конзервативен начин, бидејќи тогаш сите го правеа тој зафат, а тогаш требаше да направите зголемување што не можеше да се види. Јас секогаш бев она девојче кое се гледаше во огледало и се прашуваше: „Каде се моите гради? Отсекогаш сакав големи гради и не бев задоволна со првите силикони. Добив нови кога завршив со доењето на моите деца затоа што не знам каде отидоа старите, но отидоа. Тогаш неодамна морав да одам на операција на градите повторно, затоа што немам доволно телесни масти за да ги покријам имплантите, па можеше да се види нивното бранување – рекла актерката и додала дека не поднесува анестезија.

меган фокс
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

– Кога веќе требаше да се оперирам, реков: „Види, ако ме заспиете и ако бидам болна два месеци од општата анестезија… подобро да се разбудам со најголемите гради што можат да се вклопат во моето тело. И докторот рече дека тоа и го направил. А тие не се ни толку големи, едноставно изгледаат така, бидејќи моето тело е многу ситно. Но, ако можеше да бидат поголеми, јас ќе ги натерав докторите да стават поголеми. Не сакам операции и фактот што морав да се подложам на тоа ме натера да мислам дека треба да добијам награда за страдањето низ кое поминував. Не сакам да се будам со Б корпи на моето тело, нема поента во тоа. Сакав гигантски гради, не ми е гајле што е во тренд, дај ми изглед на стриптизерка од 1990 година – била сликовита Фокс.

Фокс исто така признала дека во одреден момент сакала да направи операција за зголемување на задникот.

– Сакам таков задник што ќе ги тера луѓето да се вртат и да шепотат – рекла Меган.

Фото: Profimedia

А што не направила во однос на естетските зафати?

– Никогаш не сум направила никакво затегнување на лицето, ниту операција на мачкини очи, иако тоа би сакала! Никогаш не сум направила подигнување на веѓите. Тоа не е поради некој мој морален став, туку затоа што не верувам дека даваат резултат, а исто така и затоа што се плашам дека ќе биде проблем кога навистина ќе ми треба вистинско затегнување на лицето (фејслифтинг). Никогаш не сум отстранила масни перничиња од образите и никогаш нема. Јас сум многу тенка и слаба со недоволно телесни масти дури и на моето лице, така што секогаш само ќе ставам сало, никогаш нема да вадам. Не сум правела липосукција или контура на телото или нешто слично – набројала холивудската ѕвезда.

ФОТО | Меган Фокс го „изгоре“ Инстаграм: Актерката воодушеви со своите облини

ФОТО + ВИДЕО | „Жешката“ Меган Фокс во минијатурно бикини позира како Џејн на Тарзан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот