ФОТО | Меган Фокс го „изгоре“ Инстаграм: Актерката воодушеви со своите облини

Фото: Инстаграм/Меган Фокс

По кратката пауза од социјалните медиуми, американската актерка Меган Фокс се врати на Инстаграм со неколку заводливи фотографии во костим за капење.

„Ace of Cups + The Star“, напиша таа во описот на објавата, мислејќи на комбинација од тарот карти кои имаат позитивно значење. „Ace of Cups“ симболизира изобилство на љубов, емоционално исполнување и нови почетоци во љубовните врски, а „The Star“ претставува надеж, инспирација и духовно просветлување. Според многумина, ова е уште една потврда дека актерката и нејзиниот вереник Машин Ган Кели повторно уживаат во љубовта.

На првата фотографија, Фокс е облечена во минијатурно црно бикини, кое малку остава на фантазијата.

Фото: Инстаграм/Меган Фокс

На втората фотографија, пак, актерката прави „селфи“ додека ужива покрај океанот.

Фото: Инстаграм/Меган Фокс

И додека целиот свет ѝ се восхитува на нејзината убавина, Фокс неодамна призна дека страда од телесна дисморфија – ментална состојба при која луѓето се опсесивно преокупирани со нивниот изглед и сметаат дека не изгледаат доволно добро.

„Имам телесна дисморфија. Никогаш не се гледам себеси на истиот начин како што ме гледаат другите“, изјави таа неодамна за „Спортс илустрејтед“.

Фото: Инстаграм/„Спортс илустрејед“

„Никогаш немаше моменти во мојот живот кога сум си го сакала своето тело. Никогаш, никогаш“, призна Фокс.

Фото: Инстаграм/„Спортс илустрејед“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот