Меган Фокс и нејзиното момче ги шокираа обожавателите со еден бизарен детаљ

Instagram

Пејачот Машин Ган Кели на својот инстаграм-профил објави серија фотографии на кои позира со својата девојка Меган Фокс, а на една од нив покажа еден бизарен „аксесоар“.

Имено, станува збор за приврзок во кој има капка крв.

Ја носам твојата крв околу вратот“, напиша тој во описот на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by the Blonde Don (@machinegunkelly)

Иако голем дел од нивните обожаватели беа воодушевени од фотографиите, сепак на многумина им беше чуден овој начин на изразување љубов.

„Ова е малку чудно“, „Ова е ужасно“, „Потребна ви е помош“, „Сите знаеме дека оваа врска нема да трае“, „Болна работа“ – се само дел од коментарите.

И Меган сподели заедничките фотографии на својот профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Еве го моето срце. Се манифестира надвор од моето тело, обвиткано во голема силуета на најневообичаено згодно момче. Магичен и прогонуван, етеричен и опасен, космички, беззаконски, вечен, креативен гениј. Патувањето најверојатно ќе биде опасно, но не нема цел без него“, напиша Меган.

Меган Фокс и Машин Ган Кели се заедно од минатата година, откако актерката се раздели од поранешниот сопруг и актер Брајан Остин Грин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот