Мбапе откри зошто го одби Реал и остана во ПСЖ: Парите не беа причина за мојата одлука

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе/фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, во интервју за „Њујорк тајмс“ откри зошто одлучи да остане во Париз и да ја одбие понудата на Реал Мадрид.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планираше Мбапе да биде лидер на идните „галактикоси“, но напаѓачот по завршување на минатата сезона одлучи да му остане верен на ПСЖ и потпиша нов тригодишен договор.

Мбапе остана „светец“ за неделна плата од милион евра, а само за потпис на договорот доби бонус од 100 милиони евра, а сега во интервју за „Њујорк тајмс“ открива дека парите не биле причината за тој да потпише нов договор со ПСЖ.

– Дали поради парите го избрав ПСЖ пред Реал Мадрид? Не, затоа што каде и да одам, ќе заработам пари – изјави Мбапе.

Напаѓачот рече дека голема улога во неговата одлука да остане на „Паркот на принцевите“ има и францускиот претседател, Емануел Макрон.

– Никогаш не би можел да замислам дека ќе разговарам со претседателот за мојата иднина и кариера. Тоа е лудо. Ми рече: Јас сакам да останеш, не сакам да си одиш сега, ти си важен за нашата земја. Кога претседателот на вашата земја ќе ви каже такво нешто, тогаш тоа е многу важно – вели ѕвездата на ПСЖ.

Мбапе одлично ја започна сезоната и покрај недоразбирањата со Нејмар и Лионел Меси, на пет натпревари во Лига 1 постигна седум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот