Маж осуден на пет години затвор за неговата улога во нападот на американскиот Капитол

„Кју-анон шаманот“ Џејкоб Ченсли Капитол Доналд Трамп
Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Следбеникот на теоријата на заговор на кју-енон Даглас Џенсен, градежен работник од Ајова, осуден е на пет години затвор за неговата улога во нападот на толпата врз американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари , 2021 година.

Толпата предводена од Џенсен го бркала полицаецот кој се обидувал да ги одбрани конгресмените.

Сликата на Џенсен со раширени раце, облечен во маица со симболи QAnon, стана една од најпрепознатливите фотографии од упадот на 6 јануари, кој настана како резултат на тврдењата на тогашниот претседател Доналд Трамп дека изборите биле наместени.

При изрекувањето на казната, судијата Тимоти Кели рече дека не е сигурен дали Џенсен ја разбира сериозноста на насилниот напад во кој тој одиграл „голема улога”.

– Тој (нападот) ја прекрши дотогаш непрекинатата традиција на мирен трансфер на власта (во САД). Не можеме да го вратиме тоа назад, рече Кели, додавајќи дека би сакал да може да каже дека има докази дека Џенсен сфатил дека тоа не може да се повтори.

Џенсен е осуден по седум точки од обвинението, вклучително и спречување на Конгресот официјално да ги потврди резултатите од изборните гласови по држави по претседателските избори на кои Трамп загуби од Џо Бајден. Тој беше осуден и за напад или попречување на полициски службеници.

Покрај петте години затвор, казната вклучува три години надзор над Џенсен по ослободувањето и парична казна од 2.000 долари.

Во кратката изјава пред судијата, Џенсен рече дека сака да се врати на „животот на семеен човек и нормалниот живот” што го водел пред „да се вклучи во политиката”.

Џенсен го прескокна заштитниот ѕид и влезе во зградата преку скршен прозорец за да може да биде еден од првите луѓе што упаднаа во Капитол, истакна судијата.

Осудениот ја предводеше групата која го бркаше по скалите полицаецот Јуџин Гудман, а подоцна повторно влезе во зградата и се пресмета со полицијата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот