Маж и жена уапсени на скопскиот аеродром, имале за лежење затвор за вонбрачен живот со дете

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Денеска на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје”, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Б.(36) и Ѓ.Р.(37) од Скопје.

Тие биле барани по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик (Вонбрачен живот со малолетно лице).

Двајцата ќе бидат спроведени во казнено-поправна установа за издржување на казната, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот