Обвинителството бара притвор за мажот и жената од Скопје фатени со „шкорпион“ на мотор

Фото: Surv1v4l1st / Wikimedia

Обвинителство од Велес отвори истрага и бара притвор за мажот и жената од Скопје, кои на автопатот кај Велес биле фатени со пиштол „Шкорпион“, забранет за поседување за граѓаните, на мотор без регистарски таблички.

„На 23 февруари, за сума од 1.500 евра, осомничениот во Прилеп набавил автоматско оружје кое им е забрането на граѓаните – пиштол марка „Шкорпион“ со една рамка без куршуми. Тој ѝ го дал на осомничената, која го ставила во својот ранец и со мотор се упатиле кон Скопје. На автопатот Велес-Градско ги застанале полициски службеници и при извршената проверка го откриле и одзеле пиштолот кој граѓаните не можат да го поседуваат и со дозвола“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи оцени дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да се обидат да влијаат врз вештаците или да го повторат делото.​

Средовечни скопјани, маж и жена, фатени со „шкорпион“ во ранец, на мотор без таблички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот