Масовно труење со кокаин: Бројот на жртви во Аргентина се искачи на 17, а 56 се хоспитализирани

Кокаин, илустрација / Фто: Архива на Слободен печат

Најмалку 17 лица починаа, а 56 се примени во болниците во предградие на Буенос Аирес по масовно труење со кокаин, соопштија властите.

Првичните бројки за 12 смртни случаи и околу 50 хоспитализирани се искачија во текот на ноќта на 17 смртни случаи и 56 хоспитализирани кои се распоредени во осум болници во и околу градот, изјави портпаролот на провинциската влада на Буенос Аирес.

– Секој што набавил дрога во последните 24 часа мора да ја фрли, предупреди министерот за безбедност на Буенос Аирес, Серџо Берни на телевизиската мрежа Телефе. Тој додаде дека властите „се обидуваат да ја лоцираат отровната супстанција за да ја повлечат од промет”.

Полицијата спроведе акција во работничкото предградие Трес Де Фебреро, северозападно од главниот град, во која беа уапсени десетина лица, соопшти провинцискиот министер кој излегол на терен.

Полицијата заплени кокаин во кеси слични на оние опишани од членовите на семејствата на жртвите, додаде Берни. Дрогата помешана со токсични материи синоќа била анализирана во лабораторија во Плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот