Масовна полициска акција во Белгија по поранешен војник заради закани кон вирологот Марк Ван Ранст

Разузнавачките служби на Белгија веќе подолго време предупредуваат дека одредени екстремистички групи претставуваат закана за експертите членови на кризните штабови за Ковид-19.

Вирологот Марк Ван Ранст, еден од најистакнатите членови на експертските групи за Ковид-19 во Белгија, се наоѓа на безбедно место додека полицијата трага по поранешен војник, кој на виролог му упатил сериозни смртни закани, јави дописничката на МИА од Брисел.
Разузнавачките служби на Белгија веќе подолго време предупредуваат дека одредени екстремистички групи претставуваат закана за експертите членови на кризните штабови за Ковид-19.
Белгиската полиција цела ноќ трага по поранешен војник, кој е тешко вооружан и преставува опасност по животот на докторот Ван Ранст.
Изминатата ноќ било пронајдено возило близу холандската граница, а во него се наоѓала тешка артилерија, по што било однесено во експертска лабораторија, наведува полицијата.
Обвинителството утрово потврди дека човекот по кого се трага не е пронајден.
Лицето се смета за опасно, потенцијално насилно и е блиско до екстремната десница.
Според судски извори, човекот оставил писмо во кое наведува дека е “подготвен на конфронтација до смрт” и повеќе пати до сега им се заканувал на повеќе научници.
Вирологот Ван Ранст преку социјалната мрежа Твитер, откако беше сместен на безбедно место, порача дека не се плаши.
„Да се биде против мерките Ковид-19 и вакцините пречесто се совпаѓа со глорификација на насилството и обичниот расизам. Не сум изненаден што заканите доаѓаат речиси исклучиво од тие средини”, напиша Ван Ранст. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот