Мас: Протестите во САД се разбирливи и повеќе од легитимни

Германскиот шеф на дипломатијата реагираше и за нападот на новинар на Дојче Веле на протестите во САД.

Мирните демонстрации во САД против „шокантната” смрт на Џорџ Флојд за време на полициското апсење се „повеќе од легитимни”, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

– Мирните протести што ги гледаме во САД … се разбирливи и повеќе од легитимни. Се надевам дека овие мирни протести нема да преминат во насилство, но дури и повеќе од тоа, се надевам дека ќе ги променат САД, истакна Мас пред новинарите.

Тој, исто така, рече дека новинарите „мора да бидат во можност да ја извршат својата задача – да информираат без страв за својата безбедност”.

– Демократските држави мора да применат највисоки стандарди за да ја заштитат слободата на печатот. Во овој контекст, насилството не смее да се критикува само преку прогон и сослушување, за да можат новинарите да бидат ефективно заштитени додека ја вршат својата работа, истакна Мас, по информацијата на Дојче веле дека нивни новинар бил меѓу оние кои се нашле на удар од американската полиција додека известувале за антирасистичките протести во Минеаполис. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот