Мартинес е една од желбите на Барса, но играчот стравува од финансиската нестабилност на „Камп Ноу“

фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Дефанзивецот на Атлетик Билбао, Иниго Мартинес би можел наскоро да биде нов играч на Барселона. Овој 31-годишен дефанзивец веќе постигна договор со клубот од Камп Ноу, за должината на личниот договор и за неговата плата.

Мартинес се очекува да го облече дресот на каталонскиот гигант ќе се пресели како слободен играч.

Од друга страна членот на Атлетик Билбао е загрижен поради економската нестабилност на Барселона и можните санкции во врска со случајот Негреира.

Претставниците на Мартинес бараат гаранции дека клубот нема да му наштети ниту спортски ниту финансиски.

Во исто време и самиот фудбалер е свесен дека клубот тешко може да му даде гаранции, бидејќи последиците за „лос кулес“ се далеку од јасни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот