Мароканците полесно ќе можат да влегуваат во Франција

ајфелова кула париз франција
Париз, Франција / EPA/IAN LANGSDON

Франција ќе ги отстрани визните ограничувања за мароканските граѓани, најави француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона за време на посетата на Мароко.

Според медиумите, објавата се толкува како знак на затоплување на односите меѓу северноафриканската земја и нејзиниот некогашен колонијален господар по повеќе од една година тензии.

– Презедовме мерки со нашите марокански партнери за да ги обновиме конзуларните односи, рече француската министерка за надворешни работи по вчерашната средба во Рабат со нејзиниот марокански колега Насер Бурита.

Минатата година, Франција го ограничи бројот на визи што ги издава за граѓаните на Мароко и уште две нејзини поранешни колонии во Северна Африка – Алжир и Тунис. Причината беше одбивањето на овие три земји да ги примат назад своите државјани кои живеат илегално во Франција. Франција ја донесе одлуката под притисок на јавното мислење за преземање мерки за ограничување на илегалната имиграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот