Марка: Килијан Мбапе е најбрзиот во екипните спортови

EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Шпанскиот медиум направи симулација на трка на 100 метри на неколкумина припадници на екипните спортови фудбал, рагби, кошарка, тенис, американски фудбал и според истражувањето напаѓачот на ПСЖ е најбрзиот

Шпанското спортско издание Марка спроведе истражување за да ги утврди најбрзите меѓу претставниците на екипните спортови и да го спореди нивните резултати со рекордот на познатиот јамајкански тркач на 100 метри Усеин Болт.

За систражувањето, Марка направи симулација на трчање на 100 метри на претставници на неколку спортови, земајќи ја како основа максималната забележана брзина на секој од неколку спортисти.

Тоа се фудбалерите Килијан Мбапе (ПСЖ) и Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), кошаркарот Расел Вестбрук (Лос Анџелес лејкерс), тенисерот Новак Ѓоковиќ, рагбистот Џона Лому и американскиот фудбалер Тајрик Хил (Мајами Долфинс).

Врз основа на резултатите од симулацијата, утврдено е дека најбрзиот спортист на 100 метри е Килијан Мбапе со време од 11 секунди. Фудбалерот на ПСЖ е побавен од рекордот на Болт за 1,42 секунда. Лому беше втор со резултат 11,01. Ерлинг Халанд заостануваше 11,06 зад Ѓоковиќ и Хил, а Вестбрук беше најбавен во симулираниот спринт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот