Маричиќ: Решението со личните документи нема да не воведе во нов спор со Грција

Бојан Маричиќ - вицепремиер за европски интеграции / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

„Ние постапувавме внимателно во овој период и навистина не беше лесно да се изменаџира ситуација во која што и нема да влеземе во прекршување на Преспанскиот договор од една страна, а од друга страна граѓаните ќе ги добијат своите документи коишто им припаѓаат и коишто им се важни за нормално секојдневно функционирање, изјави заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Вчерашното изгласување на Законот само им олесни на граѓаните да не бидат под притисок дека мора во овој период да се менуваат и возачките дозволи за користење во државата. Тоа го предложивме и со личните карти пред извесен период, но ВМРО-ДПМНЕ го блокираше во Собранието тој закон. Сега, еве вчера го прифатија за возачките дозволи, тоа е добар знак. Ние навистина се обидувавме и претходно и сега како Влада да најдеме решение кое што ќе биде во интерес на граѓаните, а нема да не воведе во нов спор со Грција,“ посочи од Брисел Маричиќ.

Тој истакна дека целта е граѓаните што побргу да ги имаат сите документи да можат слободно да ги користат надвор од државата.

„Знам дека не е едноставно ниту за актуелниот министер, ниту претходно, но сите треба да вложиме напори за да профункционира овој систем. Ние како владејачко мнозинство сме биле спремни секогаш и први реагиравме со предлогот којшто беше усвоен во Собрание,“ рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот