Маричиќ: Има луѓе кои се статус кво на државата, меѓу нив и Силјановска

За првиот вицепремиер Бојан Маричиќ, идентитетот на Македонија е заштитен, а и јазикот исто така. Вели нема од што да се плашат бидејќи во тој процес требало да се плашат оние кои се статус „кво“, меѓу кои и претседателската кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова

„Сигурен сум дека на престојните избори, победата на Претседателот Пендаровски и Коалицијата за европска иднина, е сигурна, гарантирана и ќе не носи напред,“ порача првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ,  Бојан Маричиќ во одговор на прашање во врска со изјавата на Силјановска дека,  гордоста не се купува, подарува, туку се заслужува, а се однесува на претходно изразена констатација од другата страна, дека таа е за изолација на државата“, рече Маричиќ.

Маричиќ посочи дека европскиот процес, процесот на преговори, треба да го гледаме како процес на механизам за отстранување на нашите слабости, како механизам за реформи, подобар систем, подобро владеење на правото, подобро судство, поквалитетно образование, поквалитетно здравство, и како систем кој треба да ни донесе напредок во државата.

„Јас сум сигурен дека граѓаните видоа, кој е за блокирање, а кој е за  напред, видоа дека нашата Влада и покрај сите проблеми и пропусти го зададе вистинскиот правец на државата, а тоа е членството во ЕУ. По членството во НАТО, ова е исполнување на нашиот втор приоритет. И таму каде што сме тргнати може да стигнеме само со храбри одлуки, и со отстранување на пропустите и грешките, а тоа го можеме само преку реформи,“ порача Маричиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот