МАПА: Сите големи несреќи кои досега ја погодиле Македонија

хеликоптерска несреќа блаце
Постариот брат го бакнува помладиот, покрај ковчегот на нивниот татко, Јанко Сириќ, еден од единаесеттемина македонски војници кои загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на Катланово, на 12 јануари 2008 година / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI
Во 30 годишното постоење на независната македонска држава забележани се неколку големи несреќи во кои загинаа поголем број лица.

Во три авионски несреќи на комерцијални авио линии на територијата на Македонија загинаа 219 патници, 10 жртви има во две несреќи со мали авиони и со 9 жртви беше авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски и неговите соработници, но се случи на територијата на БиХ.

Во 3 хеликоптерски несреќи загинаа 17 припадници на македонската армија. Во единствената бродска несреќа на Охридското езеро имаше 15 жртви, а во автобуската несреќа кај Тетово кога излета од патот автобус на „Дурмо турс“ загинаа 16 патници. Во последната автобуска несреќа во Бугарија трагичниот биланс е 46 сограѓани, меѓу кои 12 се деца.

Мапа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот