Манчестер сити и Челси се договорија, Стерлинг доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Рахим Стерлинг од 2017 година го настапуваше за Манчестер сити/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Англискиот репрезетативец Рахим Стерлинг кариерата ќе ја продолжи во
Челси откако сите страни најдоа заеднички јазик.

Челси прво ги договори личните услови со фудбалерот, а потоа најде заеднички јазик и со Манчестер сити за трансферот.

Според новинарот Фабрицио Романо кој е експерт за фудбалски трансфери, Манчестер сити ја прифати понудата на Челси од 45 милиони фунти плус бонуси кои можат да достигнат до 10 милиони.


Се очекува Стерлинг откако ќе ги помине лекарските прегледи да потпише петгодишен договор со Челси.

Минатата сезона Стерлинг во дресот на Манчестер сити одигра 30 натпревари во Премиер лигата и постигна 13 гола и имаше 5 асистенции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот