Mали нешта што можете да ги правите секој ден за да ја направите 2024 навистина убава година

Фото: Pexels / Polina Zimmerman

Сакате подобро секојдневие во 2024 година, но без премногу труд?

„Гардијан“ посочува проверени совети кои би можеле да го подобрат квалитетот на вашиот живот оваа година. Тие беа препорачани од експерти и луѓе на кои овие мали нешта им донесоа големи промени во животот.

Ослободете се од алармот наутро

„За време на пандемијата, сфатив дека не морам да го поставувам. Сега тоа го правам многу ретко. Тоа значи дека денот не го започнувам со страшен стрес поради алармот – природно се будам, кога имав доволно спиење“, вели др. Нил Стенли, експерт за спиење.

Слушање класична музика

„Порано слушав вести за време на вечерата, но откако се префрлив на класична музика се чувствувам многу помалку под стрес и многу посреќен“, рече еден читател на „Гардијан“, кој сакаше да остане анонимен.

Оставете го мобилниот надвор од спалната соба

„Купив будилник за да ме разбуди наместо мобилниот телефон. Тоа ми помогна да избегнам да прелистувам низ вестите или социјалните мрежи доцна навечер. Спијам подобро, помалку сум под стрес и сум многу посмирен“, вели Џо. Викс, фитнес тренер.

Планирајте го вашиот календар до следната деценија

„По тешка болест, напишав календар до декември 2034 година и напишав ‘уживај во животот’ на последниот ден. Тоа дава перспектива на секоја моја одлука“, вели друг читател на „Гардијан“, кој сакаше да остане анонимен.

Насмевка на лицето веднаш штом ќе се разбудите

„Тоа го тера мозокот да размислува: ‘Ох, се чувствувам прилично добро денес!’ Тоа е толку едноставна работа и навистина функционира“, вели Габи Рослин, телевизиска и радио водителка.

Подготовка на домашна супа

„Двапати добро делува: кога ја подготвувам и кога ја јадам. Тоа е мал чин на грижа за себе“, советува Робин, докторка од Нов Зеланд.

Преиспитување на вашето размислување

„Откако ја напишав книгата ‘Рационалност’, луѓето ме прашуваа дали секогаш се однесувам рационално. Различни примери ми доаѓаат на ум, од непромислено возење велосипед до одложување на медицинските тестови затоа што можеби нема да ми се допаднат резултатите. Престанувам да го правам тоа – можеби ќе си го спасам животот“, вели Стивен Пинкер, когнитивен психолог.

Слушање музика во теретана

„Се борев да воведам вежбање во мојата рутина, но слушањето музика за време на вежбањето ме натера да се чувствувам силен и енергичен. ‘Металика’ е најдобра за мене“, вели Виктор Гонзалес, дизајнер.

Следете го „правилото за една минута“

„Ако има некоја задача што можам да ја направам за помалку од една минута – закачување палто; одговарање на е-пошта – тоа го правам без одлагање. Неверојатно е што можете да постигнете, минута по минута“, советува Гретчен Рубин, автор и водител на поткаст.

Туширајте се со ладна вода две минути секое утро

„Често се будам депресивна и без енергија, но две минути под ладна вода ме прават способна да се соочам со денот“, вели Кејтлин Калк, советник за ментално здравје.

Шетајте секој ден

„Сметам дека е исклучително корисно за моето ментално и физичко здравје и има ефект на целиот мој живот. Тоа значи дека секој ден го започнувам на ‘десната нога'”, вели д-р Алекс Џорџ, промотор за ментално здравје и телевизиски презентер.

Ручекот нека ви биде главен оброк во денот

„Сфатив дека немам енергија или интерес да подготвам големо јадење за вечера, па го префрлив мојот ентузијазам за готвење на доцниот ручек. Моите готвачки вештини се подобрија и повеќе не гледам на подготовката на оброците како посебна задача“, вели Дела Чавез, пензиониран државен службеник.

Вежбање на отворено

„Вежбањето и престојот на отворено, без оглед на времето, ме доведува на вистинскиот пат во текот на денот“, вели Лаура Скејл, државен службеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот