Макрон во Вашингтон ќе се обиде да го убеди Бајден околу економските тактики на САД

Бајден - Макрон/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе биде домаќин на францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета со цел да го зајакне француско-американското пријателство и да ја спречи жестоката економска конкуренција меѓу Европа и САД, пренесува Ројтерс.

Повеќе од една година откако Вашингтон, Лондон и Канбера го раскинаа големиот договор за продажба на француска подморница и ги турнаа француско-американските односи на работ на прекин, се очекува двете земји да покажат единство поради заедничките закани од Русија и Кина.

Но, спорното прашање за време на состанокот ќе биде американскиот Закон за намалување на инфлацијата (ИРА), пренесува Ројтерс.

Европејците предупредуваат дека огромниот пакет субвенции наменети за американските производители би можел да им зададе фатален удар на европските индустрии, кои веќе се опоравуваат од високите цени на енергијата предизвикани од војната во Украина.

Макрон ќе се обиде да ги убеди САД дека е во нивен интерес да не ги ослабуваат европските компании во време кога западните сојузници се соочуваат со силна економска конкуренција од Кина, за која се вели дека ја користи својата економска моќ „како потпора за дипломатијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот