Макрон: Во интерес на Европа е Африка да биде снабдена со вакцини против ковид-19

Емануел Макрон/Фото: EPA-EFE/THOMAS COEX / POOL MAXPPP OUT

Обезбедувањето на Африка со вакцини против Ковид-19 не е само морална должност, туку е и во интерес на Европа и светот, бидејќи тоа ќе спречи повторно појавување на нови видови коронавирус, нагласи францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Руанда.

Макрон посочи дека Франција планира да испорача 30 милиони вакцини во Африка до крајот на оваа година, дека Германија исто така ќе испорача 30 милиони и дека Европската унија годинава ќе испорача повеќе од 100 милиони вакцини во Африка.

„Помагањето на Африка да се вакцинира … е пред се и должност што ја диктира нашата солидарност и едноставно е … во интерес на сите европски земји и сите земји во светот”, рече францускиот претседател за време на посетата на центар за вакцинација во Кигали.

Макрон истакна дека во сите земји во светот мора да се вакцинираат, бидејќи во спротивно коронавирусот ќе продолжи да се шири и мутира.

„Затоа, оваа стратегија не е само морална обврска, туку и здравствено барање”, додаде францускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот