Макрон уште еднаш го повика Иран веднаш да ја ослободи научничката, Фариба Аделхах

Фото: Профимедиа

Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш побара ослободување на француско-иранската научничка Фариба Аделхах, која од денеска 5 јуни, ја започна нејзината втора година во ирански затвор, јави дописникот на МИА.

-Пред една година, Фариба Аделхах беше произволно уапсена во Иран. Неприфатливо е таа да е уште во затвор. Мојата порака до иранските власти: правдата бара нашиот сонародник веднаш да биде ослободен, напиша претседателот на француската република на Твитер.

Француско-иранската научничка Фариба Аделхах/ Фото: МИА

Затворена во затворот Евин во Техеран, по судењето опишано како „политичко” од Париз, кое тежи многу во односите меѓу двете држави, оваа специјалистка за шиизмот, родена во Иран во 1959 година и живееше во Франција од 1977 година, таа отсекогаш ја тврдеше својата невиност.

 

Нејзиниот придружник, Французинот Роланд Мартал, специјалист за Африка, уапсен во исто време како неа и научник како неа во Сциенс По во Париз (политички науки), беше ослободен во март. Според Техеран, тој тогаш бил разменет за ирански инженер задржан во Франција и кому му се закануваше екстрадиција во Соединетите држави.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот