Макрон: Сведоци сме на “нов тип светска војна” заради вакцините

epa09097984 French President Emmanuel Macron speaks during a press conference after a European Council summit held over video-conference at the Elysee Palace in Paris, France, 25 March 2021. EPA-EFE/BENOIT TESSIER / POOL MAXPPP OUT

Европа се соочува со „нов вид светска војна” околу вакцините, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за весникот „Ле Фигаро” на прес-конференцијата по првиот ден од виртуелниот самит на ЕУ.

Според него, тоа се должи, меѓудругото, на „желбата на Русија и Кина да го прошират своето влијание низ целиот свет преку вакцините”.

Францускиот лидер изрази став дека во сегашната ситуација Европа треба да биде независна во производството на таквите лекови.

Макрон додаде дека во следните месеци Европа ќе го зголеми производството на вакцини против коронавирусот и ќе стане најголемиот производител на вакви препарати. Истовремено, францускиот претседател предложи да се блокира извозот на вакцини доколку производителот не ги исполни своите обврски за испорака во Европската унија. Тој истакна дека компаниите „Фајзер” и „Модерна”, за разлика од „АстраЗенека”, ги исполнуваат своите обврски.

Европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, претходно изјави дека на Европа нема да и треба руската вакцина „Спутник V”, бидејќи во Европската унија веќе се одобрени четири други лекови, што ќе биде доволно за да се постигне имунитетот на стадо.

Италијанскиот премиер Марио Драги, меѓутоа, не ја исклучи можноста Рим да ја нарача руската вакцина поради отсуството на координација во ЕУ.

Како што забележа германската канцеларка Ангела Меркел, ЕУ мора да дозволи употреба на „Спутник V”, а доколку ЕУ не ја нарача вакцината Германија тоа ќе го стори самата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот